23 годишен полицаец од Битола е уапсен за бруталното убиство на 36 годишниот Бекир А.

Полициски службеник од Битола е осомничен за вчерашното убиство во прилепското село Беловодица, официјално потврдија од прилепското обвинителство.

Полицискиот службеник е веќе фатен од страна на полицијата.

Станува збор за 23-годишниот Енвер Т., полицаец од СВР Битола, кој е доведен на распит во прилепската полиција.

– Ноќеска е откриен сторителот на свирепото убиство. Полицаецот од СВР Битола Е.Т, роден 1995 година го призна убиството и сега е на распит во прилепската полиција, потврди обвинителката од Прилеп, Маријана Илиеска.

Вчера во 16.30 часот  на патот за селото Беловодица, телото го пронашол прилепчанец .

– Телото беше делумно изгорено, главно на главата, но препознатиливо на лицето. Во себе имаше и документи за идентификација и станува збор за 36-годишен Б.А од Битола. Покрај телото се пронајдени траги од два автомобила од кои едниот, најверојатно голф и констатирано е дека е со битолски регистерски таблички. Околу телото се пронајдени четири чаури и едно зрно, најверојатно од пиштол што треба да го утврди вештачењето. Убиството е извршено свирепо. Наредена е обдукција, изјави Илиеска.

Вчера попладне битолчанецот Б.А. беше застрелан, па запален во автомобилот на пат кон Беловодица.

Битолчани не паметат вакво грозоморно убиство.

Фото: Село Беловодица