2,3 милиони заразени, повеќе од 120.000 починати од Ковид 19, Трамп бара да се намали тестирањето во САД

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно ја шокираше американската и светската јавност со изјавата дека побарал да се намали бројот на тестирани во САД.

,,Кога ќе тестирате толку многу, ќе имате и повеќе позитивни“-изјави Трамп во својот говор на митинг во Тулса.

Неколку негови соработници во кампањата се позитивни на корона вирус.

Досега во САД има 2.330.000 заразени, 121.000 регистрирни смртни случаи.