24-годишна девојка скокнала од прозорец, 26-годишно момче се самоубило со пушка, затвореник се обесил

На 23.01.2018 година околу 07,30 часот во с.Таор, скопско  во една од собите од куќата каде живеел, самоубиство со ловечка пушка извршил И.Б.(26). Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.

На 24.01.2018 година околу 03.30 часот во зграда во Скопје од прозорец се фрлила А.К.(24) од Скопје. Од страна на Итна медицинска помош било излезено на местото на настанот, по што А.К. во неконтактибилна состојба е пренесена и задржана на лекување во Комплект клиники “Мајка Тереза” – Карил. Истата е во животна опасност, со здобиени повеќе фрактури по телото.

На 23.01.2018 година во 14,00 часот од страна на Командир на смена во Казнено поправна установа Идризово е пријавено дека И.М.(39) од Кичево, кој издржувал доживотна казна затвор, во просторијата во која бил сместен се обесил. Истиот со екипа на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар-Скопје, каде во 13.55 часот била констатирана смрт.(МВР)