Серија земјотреси во Грција

Изминатото деноноќие во Грција се случија серија земјотреси. Првиот земјотрес беше почувствуван вчеравечер, во 22.14 часот во Калпаки, во близина на градот Јанина во Грција, со јачина од 5.5 степени, на длабочина од 21 километар. Грчкиот геодинамички институт соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на 25 километри северозападно од градот Јанина и на 215 километри југозападно од Солун, а жариштето било на длабочина од 21 километар.

По овој земјотрес, во истиот регион на Грција, беа регистрирани над десетина други , со интензитет од околу 4.3 степени, од кои неколку и над 5 степени според Рихтер. Последниот беше регистриран пред два часа со јачина од 4.4 степени.

Грците ноќта ја поминаа под отворено небо.

Земјотресите беа почувстувани и во Битола, Охрид, Струга и во Преспанскиот регион.