259 гласачи „живеат“ на паркинг во Тетово

ТВ Шења открива скандалозен случај со гласачите во Тетово. На една иста адреса во овој град има 259 гласачи.

Тие се евидентирани дека гласаат на едно исто избирачко место, а живеат на улицата Иво Лола Рибар број 0.

Сите се од различни семејства и имаат различни презимиња.

На таа адреса нема каков било станбен објект. Станува збор за паркинг.

%d1%88%d0%b5%d1%9a%d0%b0

Жителите од оваа улица во неформален разговор рекле дека порано тука имало стара куќа во која не живеел никој. Потоа во истата било сместено едно сиромашно семејство, но по извесно време куќата изгорела целосно. На тоа место подоцна е изграден паркингот.

Дел од жителите кои при контролата на избирачкиот список многу пати го приметиле овој феномен, велат дека пред контролата за фиктивните гласачи на оваа адреса имало околу 150 лица.

Но, бројот на гласачите на оваа адреса по контролите направени од институциите, наместо да се намали, се зголемил за сторина нови „тетовци“.