26 македонски работници повредени во сообраќајка во Србија

26 работници, повеќе од нив од Радовиш, се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утрината во Србија.

Несреќата се случила на магистралниот пат Блаце-Белољин, а работниците оделе на работа кон Копаоник.

18 од повредените се згрижени во болницата во Блаце, а 8 во Прокупље, дознава Алсат од извори во македонското МНР. Како што велат од таму, само едно лице е со потешки повреди и е згрижено во болницата во Прокупље.

До несреќата дошло кога возачот на македонскиот автобус изгубил контрола и се превртел крај патот.

фото:курир.рс