29 годишна поранешна моделка на Плејбој почина од задушување во својот дом во Москва

Поранешната Плејбој манекенка, Јана Расказова (29), починала откако добила напад на гушење за време на детоксикација во нејзиниот дом во Русија по „неколкудневната забава“, пренесува Дејлимејл.


Полицијата води истрага за ненадејната смрт на поранешниот модел на Плејбој во Москва, Јана Расказова , која колабирала и починала во нејзиниот дом, според нејзиниот пријател што бил со неа во тие моменти.


Според извештаите, лекарите стравуваат дека „некомпатибилниот лек“ што го користела за детоксикација , можеби предизвикал состојба на задушеност.


Расказова позирала како модел за големи магазини, како што е Плејбој, но и некои руски списанија. Таа исто така била познат Диџеј.