30 дена притвор за Зоран Милевски викан Кичеец

Заменик директорот на Истражен затвор Скопје, Садуш Арифи за ТВ21 потврдува дека е одреден притвор за Зоран Милевски со прекар Кичеец.

Како што информираат од истражниот затвор, Кичеец веќе е донесен со полициска придружба.

Се чека одлука на судот дали ќе прифати притвор и за Бојан Јовановски познат како Боки 13.