30 дена притвор за Камчев, Панделески, Јосифовиќ, Арсовска и Мирчевски

Јордан Камчев,  Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски, добија по 30 дена притвор . Судија на претходна постапка го прифати барањето на СЈО .

Тие се дел од обвинетата група во случајот „Империја“, а се осомничени за неколку кривични дела, меѓу кои злосторничко здружување, измама, перење пари, злоупотреба на службена положба.

Орце Камчев веќе е донесен во истражниот затвор Скопје, во Шуто Оризари.