300 казни за брзо возење и алкохол во Скопје за два дена

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, за санкционирање на прекршоци од возачи на мотори и за контрола на брзина на движење на моторни возила.    

Во периодот од 06.00 до 24.00 часот на 20.07.2019, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 38 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а откриени се и 108 останати прекршоци.

Во периодот од 20.00 на 20.07.2019 до 01.00 часот на 21.07.2019, при контролата за прекршоци од возачи на мотори, откриени се 35 прекршоци. Откриени се и 55 останати прекршоци.   

Во периодот од 00.00 до 05.00 часот на 21.07.2019, при контролата за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, кај 12 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта. Сите 12 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи, а откриени се и 47 останати прекршоци.