301 санкционирани возачи во Скопје за еден ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 301 санкција, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 69 прекршоци, 14 мерки за возачи кои поминале на затворен семафор (црвено светло) и 22 за технички неисправни возила. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 5 санкционирани мотоциклисти, 64 мерки за непрописно паркирање, 63 возила подигнати со „пајак“ и 42 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

,,Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“-велат од МВР.