Ситуацијата со коронавирусот во Бразил е надвор од контрола и експлодира, јавуваат бројни медиуми.

Во последните 24 часа се регистрирани рекордно заразени и таа бројка изнесува дури 33.274 случаи. Починале само за еден ден речиси 1.000. Но, странските медиуми предупредуваат дека бројката е веројатно многу поголема, бидејќи ситуацијата е излезена од контрола.

Во болниците нема место, па многумина не можат да дојдат до никаква здравствена заштита.

Мртви се закопуваат пред да бидат регистрирани и да дојдат до здравствена помош.

Масовна гробница во Бразил

Бразил се искачи на листата најпогодени земји од КОВИД 19, веднаш по САД.

Досега се регистрирани половина милион заразени.

28.834 починале, јавува Ројтерс.