34 патници загинаа во пожар на туристички брод кај Санта Круз(видео)

Голема трагедија на еден нуркачки туристички брод.

Во пожар загинаа сите 34 патници, туристи, кои од Санта Барбара во саботата тргнале на нуркачка екскурзија во околината на островото Сан Мигел, каде има богат подводен свет.

Но, во текот на ноќта на бродот избувнал пожар, а успеале да се спасат 5 членови на екипажот кои биле будни и дежурни во смена. Другите патници спиеле.

Според досегашните информации, голем дел од патниците биле заклучени во своите кабини, а на бродот најверојатно немало ниту опрема за гасење пожар.