35-годишен професионален војник почина на армискиот полигон во Криволак

Професионалниот војник О.Х. (35) починал синоќа во Здравствениот дом во Неготино, откако претходно со свои колеги учествувал во гаснење пожар на армискиот полигон Криволак, кој избувнал по извршено планско гаѓање од страна на единица на АРМ, соопшти Генералштабот на АРМ.

– По завршување на интервенцијата, професионалниот војник најпрвин пријавил дека не се чувствува добро, по што видно му се слошило. Веднаш со армиско болничко возило и придружба на воен лекар бил упатен кон најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон реанимација, но по кратко време била констатирана смрт, се вели во соопштението.

Во тек е истрага и ќе се утврдат причините поради кои настанала смртта кај професионалниот војник , по што, како што најавуваат од  Генералштабот на АРМ, дополнително ќе ја информира јавноста.

Фото:Архива