37 нови случаи на КОВИД 19, 4 во Струга, Куманово 8, Скопје 12, Тетово 7…

По подолго време, изминатото деноноќие нема нов смртен случај како последица на КОВИД 19. Но, регистрирани се нови случаи во Струга, зголемен број во Куманово и редовно најмногу во Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

– Скопје 2
– Прилеп 7
– Велес 2

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус.

– Скопје 12
Куманово 8
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 7
Струга 4
– Охрид 2

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Досега во земјата се направени вкупно 25270 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи.

Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на ковид-19.