371 сообраќајни прекршоци и 647 за неносење маски

371 санкционирани возачи во Скопје, од кои 120 за пречекорена брзина Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 371 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 16 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 120 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 18, 32 санкционирани мотоциклисти, 128 возила подигнати со пајак, а изречени се и 31 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие (24/25.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 647 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид -19, порачуваат од МВР.