4-годишно невакцинирано дете од Врањска бања е шеста жртва на малите сипаници

Четиригодишно дете од Врањска бања е шестата жртва за неколку месеци во Србија, откако владее епидемија на мали сипаници.

Како што објави Институт за јавно здравје на Србија, детето починало во клиничкиот центар во Ниш по тежок облик на запаление на белите дробови како последица од ослабениот имунитет заради масивноста на малите сипаници.

Детето не било вакцинирано, а од октомври досега, во Србија се регистрирани  2.838 случаи на мали сипаници.

Починатите се невакцинирани, а најмалиот заболен пациент има 15 дена, најстариот 65 години.

Кај 318 пациенти е развиено запаление на белите дробови, како најтежок облик на компликација од мали сипаници., известува РТС.