4 дена пред ,,Илинден“ Мицкоски во охридско се сретнал со членовите на здружението ,,Христо Узунов“

 

На 28 јуни, 4 дена пред Илинден, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претстојуваше во охридско, каде оставрил средба со членовите на здружението ,,Христо Узунов“, кои присуствуваа на прославата на Илинден на Мечкин Камен, облечени во црни маички на кои е отпечатен ликот на македонскиот револуционер , Христо Узунов.

Тие биле дел од ,,охридската пешадија“, како дел од Илинденскиот марш, кои традиционално доаѓаат во Крушево од повеќе краишта на Македонија.

При пристигнувањето на Мечкин камен,  дел од нив носеа знаме со пораката ,,Смртта е последна кога нема слобода“, со 16 кракото знаме и прекрстени кама и пиштол. Исто така, членовите на ова здружение, присутните ги отпоздравуваа со знакот со кој вообичаено се поздравуваат членови на ВМРО ДПМНЕ, а значи Македонија обединета О, со трите прсти испружени, Вардарска, Егејска, Пиринска.

.

,,Традицијата е она што не обележува, разликува, обединува. А кога Македонија е во прашање, тогаш таа е непресушен, силен и бескраен извор. Се додека има верни чувари на традицијата, Македонија ќе биде горда и стаменита, се додека има млади луѓе кои ја почитуваат, Македонија е жива, тој пркосен сон на многу срца денес оптоварен со силни предизвици и турбулентни времиња.

Денес ми беше чест заедно со многу охриѓани да ја испратиме охридската илинденска пешадија која е дел од Илинденскиот марш кој ќе заврши во Крушево на ден Илинден, 2 август. На учесниците на маршот им посакав лесен пат, но и им оддадов почит на нивната волја, бескрајна посветеност за нашата заедничка идеја, традиција и љубов- Македонија.

Македонија има сила, Македонија ќе победи!“-порача Мицкоски тогаш од црквата Св. Троица Педесетница, во охридско.

Но, Христијан Мицкоски потоа не се појави на Илинден во Крушево, туку зборуваше пред малубројна публика во струшкото село Ташмаруниште.

Мечкин Камен му го остави на претседателот Ѓорге Иванов, кој во својот говор остро ја нападна Владата, а присутните делегациите на Владата и на СДСМ, како и присутните гости од САД и од дипломатскиот кор.

Минатата година пред упадот во Собрание на крвавиот 27 април, беше формиран Македонски национален фронт   со учество на повеќе т.н. патриотски здружение, кои негуваат иста идеја и иконографија како ,,Христо Узунов“ од Охрид.

АКО.мк