4 лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Ресен-Охрид

Четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 17 часот на патот Ресен-Охрид кај село Крушје, дознава Апла.мк.

Според првичните информации, во сообраќајната несреќа учествувале три возила, мерцедес, ауди и БМВ. Од нив две се со битолски, а едно со охридски регистерски таблички.

Од полицијата, за Апла.мк, ја потврдија информацијата, но, нема повеќе детали, затоа што увидот е во тек, а овој патен правец во моментот е затворен за сообраќај.