40.000 московјани ќе бидат тестирани со вакцината против Ковид 19

Локалната власт на главниот град на Русија објави дека од денеска ќе почне тестирањето на 40.000 московјани со вакцината против Ковид 19.

Ова е последната етапа од испитувањето на руската вакцина пред да биде пуштена во масовна употреба.

Заменик градоначалничката на Москва објави дека веќе се тестирани неколку од пријавените жители на Москва.

Вакцината Спутник 5 ги помина досегашните фази на тестирање со одлични резултати.

Се очекува до крајот на годината да биде пуштена за масовна употреба.