41 годишниот моторџија загинал во судир со автомобил

На 13.04.2018 година во 07,00 часот на раскрсницата од булеварот “Србија“ со булеварот “АВНОЈ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Мицибуши“ со скопски регистерски таблици управувано од В.С.(46) и моторцикл управувано од Д.П.(41) и двајцата од Скопје. Во незгодата на самото место починал моторциклистот. Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.