45 луѓе повредени во безредието во Собрание

Вкупно 45 луѓе, меѓу кои пратеници,тројца полицајци и обезбедување, се примени во Градската болница во Скопје, изјави за МИА директорката на таа јавна здравствена установа Јасминка Чабуковска. Таа рече дека четворица од нив се задржани на натамошно лекување. МВР соопшти дека се проверува дали има и други повредени.