47 годишен возач и двајца сопатници тешко повредени по удар во дрво со автомобилот

На 12.03.2019 околу 01.25 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје, патничко возило „Шеврлолет круз“, управувано од В.Б.(47) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво, а потоа и во паркирани патнички возила „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“, сите со скопски регистарски ознаки.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле  возачот В.Б. и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г.(39) од Скопје се здобил со телесни повреди. Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.   

Очевидци раскажуваат дека сообраќајната несреќа била страотна. Станари од околните згради велат дека слушнале силен удар, по што виделе повредени луѓе во белиот автомобил. Набргу дошла Брза помош и ги однела во болница.

Доплнително ќе се утврдува со колку возел возачот и зошто изгубил контрола.