49 годишна медицинска сестра од Охрид почина од Ковид 19

Денес Општа Болница Охрид тагува . Од оваа болница соопштија дека починала нивната колешка, Дијана Димоска.

,,

Денес Општа Болница Охрид тагува 😢

Нашата медицинска сестра Дијана Димоска родена на 29.9.1971 во Загреб, ја загуби битката со подмолниот вирус Ковид 19.
Својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсхијатриски оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести.
Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас.
Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените.
Почивај во мир драга сестра Дијана. Твојот ведар лик вечно ќе остане во нашите сеќавања“ стои во објавата од Општа болница Охрид.