5 вооружени лица влегле во хотел Александар Палас и пукале кон други 5 лица

Изминатата ноќ се случила вооружена престрелка во хотелот Александар Палас во Скопје, дознава Тв АлсатМ.

Како што јави оваа телевизија, на 01.12.2019 г. околу 00,35 ч. во полиција е јавено за пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас, лоциран на бул. 8 Септември бб .

Додека во ресторанот седеле 5 машки лица, од страна на 5 други машки лица вооружени со огнено оружје, најверојатно автоматски пушки и пиштоли, со црни или црвени фантомки на главата, излегувајќи од возило отвориле оган кон ресторанот, а тројца од сторителите влегле во хотелот извикувајќи „Полиција, Полиција“ и испукале рафали, по што го напуштиле местото.

Во моментот кога пукале во ресторанот, едно лице (полицаец) го употребил својот службен пиштол и испукал околу 11 проектили во правец кон сторителите извикувајќи дека тој е полиција, пишува АлсатМ.

Повредени лица нема. Оштетени се стакла од излози и прозорци, пронајдени се чаури од автоматска и пиштолска муниција на лице место, пишува АлсатМ.

Извор: .alsatm.tv/mk