500 мигранти од Тузла префрлени во камп блиску Сараево

По низа инциденти, меѓусебни пресметки, кражби и напади на жители на Тузла, 500 мигранти кои беа самоиницијативно лоцирани на главната железничка станица, со автобуси се пренесени во мигрантскиот камп Блажуј кај Сараево.

Жителите на Тузла протестираа и потпишуваа петиции за отстранување на мигрантите од главната железничка станица.

Во Босна и Херцеговина со години престојуваат илјадници мигранти кои не сакаат да ја напуштат земјата, освен кон Европа.

Хрватска херметички ги чува своите граници.

Извор: klix.ba