51 годишна сурогат-мајка роди близнаци за својата ќерка во болницата ,,Плодност“ од Битола

Највозрасната сурогат-мајка во земјата, на 51 година на свет донесе близнаци. Таа се породи во болницата „Плодност“ во Битола-известува tera.mk .

Необичната приказна што ни доаѓа од Битола, зборува за големо дело направено од мајка која за сопствената ќерка се согласила да биде мајка-сурогат и благодарејќи на тимот на ,,Плодност“ на свет донесе две здрави близначиња.

Имено, како што пишува ТВ Тера, на ќерката ѝ била извадена матката само на 16 годишна возраст.


Мајката, веќе три години била во менопауза. Тимот на болницата „Плодност“ најпрво и го вратил месечниот циклус, а потоа со програмата на донор јајни клетки, и сурогат мајчинство, за нејзината ќерка донесе на свет две близначиња во 37-мата недела со елективен царски рез.

Лекарскиот тим на болницата ,,Плодност“ од Битола што овозможи ваков голем и хуман чин

Сурогат-мајката лесно ја поднела бременоста и носењето на близначињата.

,,Оваа приказна е толку ретка, необична и можеби единствена на овие простори. Во светот постојат само неколку вакви примери, а кај нас, ова го може само уникатниот ивф тим на Болница „Плодност“, информираат од болницата „Плодност“ од Битола.

Извор:
tera.mk