56 годишен татко го фрлил во бездна своето тукушто родено бебе

Мирослав Ш.(56) од Босна и Херцеговина, осомничен е дека го убил својот тукушто роден син , откако по земањето од родилиште го фрлил од прозорецот од својот автомобил во бездна крај  патот во местото Миљковиќ близу Мостар.

Исчезнувањето на бебето го пријавил  дедото, татко на мајката, бидејќи му станало чудно што бебето родено на 2 септемви, а отпуштено од родилиште на шести, го нема и не се слуша плачење во домот на неговата ќерка.

Бебето било родено живо и здраво.

По разговорот со полицијата, Мирослав го признал убиството и го покажал местото кадешто го фрлил детето.

Обвинителството на Б и Х соопшти дека тој заедно со сопругата по излегувањето од болница донеле одлука да го фрлат непожелниот син . Бебето починало од повредите што ги добило по падот  во длабоката бездна.

Мирослав и неговата сопруга имаат три малолетни деца, кои, по овој шокантен случај, им се одземени од Центарот за социјална работа.