59 годишен маж од Кикинда прва жртва на коронавирусот во Србија

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, соопшти дека денеска починал 59 годишен маж на Клиниката во Нови Сад од последици на коронавирусот.

Таа рече дека човекот се заразил од родител на момче кое се вратило од Италија, чиј татко исто така се бори за живот.

Жртвата имала и други болести пред да добие КОВИД 19.

Од утре во 20 часот се стопира градскиот превоз секаде во Србија, а од недела се затвораат рестораните, кефетериите и трговските центри.

Досега има 135 заразени од коронавирус, од кои 8 се на респираторни апарати се во животна опасност.