673 лица се казнети за неносење заштитни маски

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 91 лица им се издадени решенија за изолација, а 78 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација.

По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 673 прекршоци, соопшти МВР.