7 години ги чувала децата затворени

Една жена во Шпанија ги држела своите деца 7 години затворени во станот каде што живееле, забранувајќи им било каков контакт.

Како што соопшти шпанската полиција, жената со швајцарско државјанство е уапсена бидејќи истрагата утврдила дека таа им се заканувала на своите деца дека ќе ги убие ако излезат или ако побараат помош.

Двете деца кои сега имаат 15 и 17 години, во текот на седумте години колку што биле затворени од својата мајка, не оделе на училиште ниту пак добивале некаква лекарска помош.

Според наводите на полицијата 17 годишната ќерка во август успеала да го избегне надзорот од мајката и да упати електронска порака до една фондација која се грижи и им помага на деца во неволја.

Полицијата утврдила дека децата трпеле насилство од својата мајка, која така ги држела под контрола, забранувајќи им било каков контакт со надворешниот свет.

Кога излегувале кусо надвор , постојано биле под будното око на мајката, која посебно била брутална кон својата ќерка.

49 годишната жена е по потекло од Шпанија, но со швајцарско државјанство и се уште живее во истата куќа со нејзиниот партнер. Таа е пуштена на слобода каде го очекува закажаното судење.