7 мртви во сообраќајка во Унгарија предизвикана од српски камионџија(видео)

Камион со српски регистерски таблички, предизвика тешка сообраќајна несреќа на автопат во Унгариија во близина на Будимпешта.

Возачот изгубил контрола над камионот , по што удрил во заштитната ограда, преминал на спротивната страна од автопатот, покосил две возила, кои потоа се запалиле и целосно изгореле.

Загинаа 7 лица. Возачот на камионот не е повреден.

Возачот на камионот е задржан во полиција и е покрената истрага против него.