7 мртви и 19 исчезнати во судир на два брода на Дунав крај Будимпешта

Расте билансот на загинати по големата трагедија што се случи синоќа околу 21 и 25 часот на реката Дунав крај Будимпешта.

Туристички брод се судри со друг брод во близина на унгарскиот Парламент, притоа 7 лица се пронајдени мртви, а уште 19 се водат како исчезнати.

Седуммина се спасени со полесни повреди.