73 насто Срби не би војувале за Косово

Големо мнозинство од анкетираните граѓани на Србија 73 проценти, сметаат дека нема оправдување да се влезе во вооружен судир за останување на Косово и Метохија во рамките на нивната држава, покажува најновата анкета што ја направи Белградскиот центар за безбедносна политика.

Само 10 проценти од анкетираните рекле дека би одговориле на повикот да одат да се борат за тоа, а 17 проценти рекле дека не знаат дали треба да се војува за Косово.

Според ова истражување и гласачите на крајно десничарските партии, не би прифатиле воена опција на решавање на ова прашање.

Највоинствени се младите од 18 до 29 години. 15 проценти од нив би зеле оружје во рака за да го вратат Косово во Србија, покажува истражувањето.

Истражувањето е направено во екот на затегнување на односите и неуспешниот обид на влегување на српскиот Иконовоз во Косово.