75-годишен татко со нож тешко ранил 38-годишен син

На 04.03.2018 година околу 23.20 часот во с.Теранци, кочанско, дошло до распаравија и физичка пресметка помеѓу Д.С.(75) и неговиот син Д.С. (38). Во пресметката, таткото со нож му нанел две убодни рани на синот. После тоа, Д.С. (38) бил пренесен во Медицински центар Кочани каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Д.С. (75) бил приведен во Полициската станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот,соопшти МВР.