83 годишниот Берлускони напуштајќи ја говорницата падна на бината во Загреб(видео)

Повеќекратниот премиер на Италија и лидер на партијата Форца, 83 годишниот Силвио Берлускони, напуштајќи ја говорницата на конгресот на ЕЕП во Загреб, изгуби рамнотежа и падна на бината.

Извори од неговата партија за италијанските медиуми велат дека тој нема скршеници, но е задржан во болница на понатамошни испитувања.

Пред падот, Берлускони беше ѕвездата на конгресот на Европските народни партии.

Позираше, правеше селфи и се поздравуваше со присутните.