9 години затвор за Бојан Јовановски и 7 години затвор за Катица Јанева

Бојан Јовановски и Катица Јанева се прогласени за виновни за делата кои им се ставаат на товар во судскиот процес познат како ,,Рекет“.

Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на казна затвор од 9 години.

Поранешната Специјална јавна обвинителка Катица Јанева е осудена на казна затвор од 7 години.

Јовановски и Јанева се задолжуваат да ги платат и трошоците за судскиот процес, се конфискуваат парични средства и предмети купени со противправно стечените пари.