9 земји членки на ЕУ бараат внатрешните реформи да не бидат услов за проширување

Девет земји членки на ЕУ, Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Латвија, Малта, Полска и Словенија, излегоа со свој предлог за новата методологија за проширување, која ја иницираше францускиот претседател, Емануел Макрон.

Како што објави Радио Слободна Европа, нон пејперот содржи предлози кои се различни од оние на Макрон.

Овие 9 земји членки бараат проширувањето на Унијата да не биде условувано со внатрешните реформи, туку тоа да биде паралелен процес.

Во нивниот документ е нагласена потребата од отворени врати за Западен Балкан.

,,Потребно е да се одржи способноста на ЕУ да ги интегрира земјите од Западен Балкан без ослабување на внатрешната кохезија. Меѓутоа, внатешните реформи на ЕУ не можат да бидат предуслов за проширување. Нашата врата останува отворена“ се вели во документот потпишан од девет земји членки на ЕУ.

Целиот текст на овој линк:

slobodnaevropa.org