93 годишниот Роберт Мугабе е најстариот Претседател на светот

 

Претседателот на  Зимбабве Роберт Мугабе денеска полни   93 години и е најстариот активен Претседател на светот.

И покрај годините што ги носи, тој порача дека нема намера да се повлече, туку напротив, ќе се кандидира на следните избори планирани за 2018 година.

Мугабе е роден на 21 февруари 1924 година, а Премиер бил од 1980 до 1987 година, а потоа до денес е претседател на Зимбабве. Тој е еден и од најдолговечните лидери на власт во една држава. Со оваа држава владее точно 30 години.

Западот го смета за диктатор и го обвинува за гушење на слободата на медиумите и опозицијата, како и за осиромашување на целата земја.

Стана национален херој како заслужен за ослободување на Зимбабве од колонијалното ропство.