Aвстрискиот претседател се вози во метро, ирскиот вади пари од банкомат…

Однесувањето на политичките функционери е предмет на интерес на јавноста, но многу почесто поради нивната аздисаност, а помалку заради скромноста.

Деновиве во австриските медиуми се појави фотографија од австрискиот претседател Александар Ван дер Белен како се вози во метро со белешки во раце со дневните активности.

Претседателот на Австрија Александар Ван дер Белен во метро

Но, ова не е негова прва фотографија кој го прикажува неговиот однос кон функцијата што ја извршува. Тој не сака да ги напушти старите навики и е многу практичен. На работа доаѓа со воз.

Австрискиот претседател често ја прегледува својата пошта во купето патувајќи на работа

Корисниците на социјалните мрежи под овие фотографии коментираат дека претседателот може често да се види во метро, во воз, на улица…

Претседателот на Австрија на улица без видливо обезбедување

Австриските претседатели своите гости ги пречекуваат пред претседателската палата во срцето на Виена, а официјалната церемонија од пристојна далечина ја гледаат бројни туристи.

74 годишниот Претседател на Ирска, Мајкл Хигинс пак, во 2016 година беше забележан како вади пари од банкомат, што предизвика вистинска сензација во медиумите.

Мајкл Хигинс, Претседател на Ирска на банкомат

За него медиумите велат дека е обичен, непосреден и секогаш расположен.

Извор: агенции, социјални мрежи(ако.мк-Е.Л)