Aлбанскиот Претседател на југот на Србија пречекан со албанска химна и знамиња

Мислам дека тоа не е убаво, е одговорот на српскиот Премиер Александар Вучиќ на прашањето како ќе го коментира пречекот на  албанскиот Претседател на југот на Србија со највисоки државни почести, но со интонирање само на албанската химна и со албански знамиња. Тој порача:

,,Не сме исплашени од никого и не се плашиме од ништо. Ние сме отворена земја  и секој е добредојден. Но, секој што мисли да го урива суверенитетот и интегритетот на Србија му велам-немој ни да пробате такво нешто“-рече Вучиќ.

 

Вучиќ е загрижен заради вознемирувачките вести од одредени простори од бивша Југославија, но како што рече, Србија ќе направи се за да ги сочува мирот и стабилноста.