Aмериканскиот амбасадор во Србија Кајл Скот не е дел од отповиканите

По веста  на Индипендент дека Доналд Трамп ги отповикал сите амбасадори без исклучок да се вратат во Америка, амбасадорот на оваа земја во Белград Кајл Скот за Танјуг изјави дека тој не е дел од отповиканите и дека  добил веќе насоки да остане да работи за новиот претседател исто како и за претходниот.

Како што изјави Скот тој веќе ги добил и задачите од новата администрација.

,,Ние веќе добивме налог да останеме на нашите работни места и да работиме за новиот претседател исто како и за претходниот “, изјави Скот за Танјуг.

Напоменал дека во понеделник ќе биде во својата канцеларија и дека ќе ги застапува интересите на новиот претседател и на неговата надворешна политика.