Aрсовски: Да, посакав ,,да живее Зоран Заев“, нека живее 101 да го гледам жив во затвор

Портпаролот денеска направи неколку грешки. Прво, кога на протестот против Владата и Зоран Заев извика ,,да живее Зоран Заев“, потоа кога се поправи па рече ,,нормално не може да живее Зоран Заев, да живее Македонија“ и третата грешка кога се обиде да се извади од првите две грешки

https://streamable.com/e/4tcc0k

,,Да точно е, му посакав да живее на Зоран Заев и уште му посакувам, ама да живее одговарајќи за цел криминал и велепредавство на македонскиот народ во затвор. 101 година му посакувам да живее така. За мене поважно е да го гледам жив во затвор, отколку да биде заборавен

П.С. Грешки во говори се прават, ама не смее да се направи уште една грешка како Заев што стана премиер И мислам дека помалку опасно е да утнеш говор и направиш лапсус, отколку да утнеш владеење и направиш велепредавство . Сеирот на моја сметка, денес јас честам исто како и за кошулата“-напиша портпаролот Арсовски на социјалните мрежи.

Му одговори портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

,,Да живее Димче Арсовски!Да живее без толку злоба и гнев.Да живее без толку болна амбиција, да живее без толку желба да ја зачува таа пуста фотелја на Мицкоски, за да може да живее…Пред некое време прашав и пак ќе прашам.Која е смислата на зборот човек?Брука!

п.с. Димче гледаш дека не е страшно да посакаш некому да живее“-напиша Костадинов.