,,Apple Watch ” со камера за селфи

 

Рачниот часовник на ,,Епл воч,,(Apple Watch) од неодамна доби нова функција-сликање на селфи фотографии.

Со ова производителот одговори на барањата на купувачите, чија омилена активност е селфирањето. Иноваторот Шон Гренинг на веќе популарниот еплов рачен часовник му додаде и нова функција благодарејќи на посебното ременче ЦМРА.

 

 

Двете камери може да прават селфи, обични фотографии и видео клипови со висока резолуција, за која се обезбедени осум гигабајти, односно 30 минутно видео.

 

Со ременчето, купувачот добива и полнач, со кој се полнат и рачниот часовник и ремчето.

Рачниот ремен го произведува компанијата ,,Глајд,, а на пазарот ќе излезе на пролет 2017 година со цена од 249 долари.