Bo понеделник вонредна седница на општина Центар заради уривање на кејот на Вардар

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски најави вонредна седница на Совет на општина Центар заради уривањето и копање на кејот на Вардар на плоштадот во Скопје заради изградба на сообраќајница.

Ова е неговиот одговор на реакција на жители на главниот град кои алармираат дека е започнато копање и уривање на кејот на Вардар во центарот на Скопје.

Ваков обид имаше и во 2015 година, а градењето на сообраќајница која ќе ги поврзува новоизградените згарди и хотели на плоштадот во Скопје беше одложено заради бурните реакции на жители на Центар. Со договорот со инвеститорот на новата зграда на Телеком ,,Дивелоп Груп“, тие имале обврска да изградат подземна сообраќајница до објектот, но тоа не се случи заради скапата инвестиција.

Сега, во вакуум простор кога државните институции не функционираат, а локалните избори се очигледно одложени, некој се обидува да го спроведе планот за улица на кејот и на централниот плоштад во Скопје.

Инаку, во 2015 година советниците на Град Скопје со мнозинството предводено од ВМРО ДПМНЕ одлучи на кејот 13-ти Ноември да се гради пристапна улица со режим на сообраќај.  Улицата треба да  биде наменета за потребите на новите згради на плоштадот Македонија, но и за тие околу плоштадот.  Според образложението на градот, улицата ќе се гради веднаш до ѕидот на кејот, и е во согласност со деталниот урбанистички план Мал Ринг, донесен од страна на Советот на општина Центар во декември 2012-та година кога Владимир Тодоровиќ беше градоначалник. Проектот го има изработено “Чакар & Партнерс” , а основниот проектот за изградба на улицата и за атмосферска канализација е верификуван во мај годинава. Пристапната улица ќе се протега од улицата Филип II до зградата на “Телеком” на плоштад. По овој дел од кејот и сега минуваат возила, а полицијата немо гледа и молчи.

Според наши информации, граѓани, но и сопственици на кафулињата на кејот се собираат и бараат одговор што се случува на узурпраниот Кеј на Варадар?!

АКО.мк