FOX ја прекрсти Србија во ,,Серкосовобија“

Во текст на американскиот ,,Фокс њуз” посветен на можниот договор за спорот меѓу Косово и Србија, за кој силно се залага амаериканскиот претседател, Доналд Трамп, се најде ,,новото“ име на Србија.

Имено новинарката на оваа ТВ куќа во својата анализа наместо Србија, напишала ,,Серкосовобија“.

Интересна е оваа кованица ако се анализира, од која на нашите јазици се добива непристојно име, но ако се гледа како кратенка тоа може да биде изведенка од Serbia-Kosovo-Fobija, па можеби и не станува збор за ненамерна грешка, како што пренесува РТС.

Новинарката уште пишува дека кризата е толку голема, што на Балканот може да избие нова војна.