MTV Best Adria Act во рацете на С.А.Р.С

Српскиот бенд С.А.Р.С. ја прими наградата   “MTV Best Adria Act” , а поводот беше искористен  да ја претстават својата најнова роденденска ЛП плоча со симболичен наслов  „10“.

Фронтменот на  бендот Жарко Ковачевиќ за  Танјуг рече дека наградат им значи многу затоа што доаѓа од публиката.

Ковачевиќ изјави дека најубав подарока за десетгодишната кариера е новата плоча, компилација на песните кои публиката ги сака најмногу.

 

Дерил Фиделак во име на   МТВ-Адриа , ја врачи наградата и го пофали бендот заради што тие го поддржувале и промовирале.

 

„С.А.Р.С“ ја примија наградата во книжарницата   „Академија“ во Белград, а потоа имаа и акустична свирка.

Оваа група минатата година ги забавуваше скопјани за новогодишната ноќ во организација на општина Центар.