Oд срцев удар на улица почина легендарниот шпански фудбалер Енрике Кастро-Квини

Легендарниот шпански фудбалер Енрике Кастро, познат под прекарот Квини, починал од срцев удар во 68 година од животот.

Квини е пронајден на улица од случајни минувачи, во близина на неговиот дом, кои се обиделе да му помогнат,  но безуспешно. Медицинската екипа која пристигнала веднаш на местото на несреќата не успеала да го реанимира и покрај напорите.

Енрике Кастро е голема фудбалска легенда, беше член на Спортинг во седумдесетите години на минатиот век, и дури 5 пати ја добил шпанската награда за најдобар стрелец.

Квини 12 години настапувал за шпанската репрезентација, а на 35 натпревари постигнал 8 голови.

Во целата кариера одиграл 565 официјални натпревари и постигнал 369 голови.

 

АКО.мк