Мексиканскиот нарко-бос Хоакин „Ел Чапо” Гузман беше екстрадиран вчера (19.01.2017) поради обвиненија за трговија со наркотици, убиства, киднапирања и други кривични дела.

Мексиканското министерство за надворешни работи соопшти дека Гузман е предаден на американските власти.
Американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА) го презеде Гузман во Сиудад Хуарез во мексиканската држава Чивава, спроти мексиканскиот град Ел Пасо, а потоа го пренесе со авион за Њујорк .

Шефот на картелот Синалоа по едно бегство од затвор и 13 години минати во илегала, беше уапсен во февруари 2014 година. Тој, вторпат успеа да побегне од затворот со максимално обезбедување преку тунел ископан до неговата ќелија. Ова негово бегство во јули 2015 година ја посрамоти владата на претседателот Енрике Пења и ги влоши односите меѓу Америка и Мексико.

САД се обидоа да го изведат Гузман пред американски суд кога за првпат е обвинет на почетокот на 1990. година. Му се заканува доживотна затворска казна поради обвиненијата подигнати во повеќе американски градови, вклучувајќи ги Њујорк, Сан Диего, Чикаго и Мајами.

Моќниот нарко-картел Синаола, со кој раководеше Гузман, криумчари огромни пратки кокаин и марихуана и произведува и транспортира метамфетамин и хероин. Тие се обвинети за бројни ликвидации и егзекуции.