Осуммината тениски величествени, пријатно ги изненаддија патниците на подземната железница во Лондон, ден пред денешниот почеток на завршниот турнир на најдобрите 2018.

Новак Ѓоковиќ, Роже Федерер, Кеи Нишикори, Марин Чилиќ, Александар Зверев, Кевин Андерсон, Џон Изнер и Доминик Тим, се појавија во познатиот ,,тјуб“ во Лондон, во костуми, насмеани и расположени, и секако направија селфи:

Во петок вечерта, големата тениска осумка, на гала вечерата во британскиот Парламент, дојде со подземна железница.

И за Ѓоковиќ ова беше посебно доживување, бидејќи како што рече, никогаш нема користено ваков превоз и многу му е забавно.

За разлика од него, Федерер рече дека како помлад , често користел подземна железница во Лондон и ова е пријатно потсетување на тие времиња.